117
Шкендија ремизира со ЦСКА Софија во третиот пријателски натпревар на словенечко тло (1-1).
Македонскиот шампион одигра полувреме без голови против бугарскиот противник во Чатеж, а потоа во продолжението се тресеа двете мрежи.
Први до предност стигнаа фудбалерите на ЦСКА Софија по една комична акција и гол на Иванов во 60. минута. Израмнување за Шкендија донесе Ендрит Красниќи со ефектен погодок за 1-1 на пет минути пред истекот на регуларното време.
До крајот на подготовките во Словенија екипата на Шкендија ќе се судри уште со Олимпија Љубљана.