Флорентино Перез вечерва треба да има ново гостувањ и се очекува и тој да најави трансфер бомба, се шпекулира со името на Витиња од ПСЖ.
Кулминира претседателската трка во Реал Мадрид, Флорентино Перез и Енрике Рикелме полека ги откриваат адутите.
Флорентино Перез вчера го најави Жозе Мурињо за нов тренер, а Ибрахима Конате како прво засилување, со ветување дека ќе пристигнат уште неколку квалитетни играчи.
Енрике Рикелме пак во емисијата „Ел Хормигеро“ сензационално порача дека ќе го донесе Ерлинг Халанд на „Бернабеу“, во пакет со Родри. Тој дури и потпиша документ со кој се обврзува од сопствен џеб ќе ја покрие годишната членарина на сите 100.000 членови на Реал Мадрид, доколку не го исполни ветувањето.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, вечерва ќе следи одговорот на Флорентино Перез, кој исто така ќе соопшти трансфер бомба.
Се шпекулира дека тој ќе вети ангажман на Витиња од ПСЖ доколку победи на изборите. Иако во Франција се забранети откупните клаузули, се верува дека Португалецот има некаков вид на џентлеменски договор според кој може да го напушти Париз за сума од околу 115 милиони евра.
Останува да се види што ќе се случува во следните денови и кој ќе ја добие довербата, изборот на нов претседател на Реал Мадрид ќе се одржи на 7. јуни.