Реал сака да „украде“ фудбалер на Барселона и тоа беспари!

by
1 минути читање

Реал пројавува интерес за услугите на Роналд Араухо, „кралевите“ сакаат да го искористат фактот што перговорите за нов договор на дефанзивецот тапкаат во место и да го примамат да се пресели во Мадрид.

Клубот од Сантијаго Бернабеу се надева дека Роналд Араухо нема да ја продолжи верноста (актулниот договор е со трајност до јуни 2023) и беспари ќе се пресели во нивните редови.

По ваквите шпекулации, Спорт пренесе дека раководството на Барса веднаш реагирало и го повикало агентот на дефанзивецот на нови преговори во следните денови.

Реал Мадрид се обиде да го купи Роналд Араухо и летото во 2018, но тогаш Барселона успеа да стигне до неговиот потпис за 1,7 милиони евра, плус бонуси кои можат да го направат трансферот вреден максимум 5,2 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×