Мадридскиот весник „АС“ тврди дека Чаби Алонсо е презадоволен од младиот Гонзало Гарсија и смета дека клубот нема потреба да купува шпиц.
21-годишниот Гонзало Гарсија максимално ја користи шансата што ја добива од Алонсо на Светското клупско првенство, младиот фудбалер беше импресивен во првите два настапи.
Тој постигна гол во мечот против Ал Хилал, а против Пачука иако не даде гол беше уште поимпресивен отколку на првиот натпревар. На мечот со мексиканскиот тим тој се повлекуваше и поназад, бараше топка, проигруваше, потсетуваше на Бензема.
Многумина од фановите на Реал Мадрид во него го гледаат новиот Бензема.
Welcome back Karim Benzema, we have missed you. pic.twitter.com/Lqh0RlMcnD
— WolfRMFC (@WolfRMFC) June 22, 2025
Реал Мадрид нема класична деветка, на таа позиција игра Мбапе, но тој преферира да игра крилно каде што е Винисиус.
Гарсија за првиот тим на Реал Мадрид има пет меча и постигнато еден гол. Тој сезоната ја заврши со младинскиот тим за кој постигна 25 погодоци.
Според Чаби Алонсо, Гонзало Гарсија може да биде решение за позицијата истурен напаѓач и клубот не мора да купува 9ка.