„Реал ми нудеше повеќе пари но мојот сон беше настап во Барселона“

by
1 минути читање

19 годишниот
Пабло Торе важи за еден од најталентираните играчи во својата генерација во
Шпанија, па изминативе месеци Барселона и Реал Мадрид влегоа во битка за неговите
услуги.

„Каталонците“ на
крајот стигнаа до потписот на фудбалерот и со Расинг Сантандер договорија
трансфер од 5 милиони евра, кој со бонуси може да се искачи и до 20 милиони
евра.

„Разговарав со
Реал Мадрид, ми понудија повеќе пари но мојот сон беше да играм и да успеам во
Барселона. Парите во моментов не ме интересираат, поважно ми е да играм на Камп
Ноу, плус и спортскиот проект кој ми го понуди Барса беше подобар“
– вели Пабло Торе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×