Реал Мадрид во натпревар со два црвени картони славеше во Севиља, Виљареал со пресврт подобар од Барселона (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Барселона и покрај поразот на домашен терен од Виљареал останува во славеничко расположение, откако претходно ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига.

На дуелот одигран на стадионот „Монжуик“, гостите од Виљареал поведоа уште во 4. минута, но Каталонците возвратија до крајот на првиот дел со головите на младиот Ламин Јамал и Лопез, преземајќи го водството.

Сепак, второто полувреме му припадна на Виљареал, кој со головите на Комесана и Бучан направи целосен пресврт и ги замолчи домашните навивачи.

Реал Мадрид во својот натпревар ја искористипредноста од двајца фудбалери повеќе и славеше со 0:2 на гостувањето кај Севиља. Домаќините останаа без двајца играчи – прво беше исклучен Баде, а подоцна и Ромеро. „Кралевите“ тоа го казнија со голови на Килијан Мбапе и Џуд Белингам, обезбедувајќи рутинска победа на „Рамон Санчес Писхуан“.

ЛА ЛИГА 37. КОЛО

Атлетико Мадрид – Бетис 4-1

Барселона – Виљареал 2-3

Селта – Рајо Ваљекано 1-2

Лас Палмас – Легане 0-1

Мајорка – Гетафе 1-2

Осасуна – Еспањол 2-0

Реал Сосиедад – Жирона 3-2

Севиља – Реал Мадрид 0-2

Валенсија – Атлетик Билбао 0-1

Ваљадолид – Алавес 0-1

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани