Според „Атлетик“ претставници на Чаби Алонсо разговарале со Реал Мадрид и можно е Шпанецот да го преземе кормилото на кралскиот клуб од наредната сезона.
Се чини дека Алонсо го постигна максимумот со Баер Леверкузен, не може да направи повеќе отколку што направи минатата сезона. Фармацевтите се пред елиминација од Лигата на шампионите, а само теоретски им се шансите дека може да ја одбранат титулата во Бундеслигата. Баерн ја врати доминацијата.
Се чини дека е време Чаби Алонсо да почне нов предизвик, а на неговата врата тропа најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид.
Како фудбалер Алонсо пет сезони настапуваше за Реал Мадрид, па многу добро ја знае тежината на кралскиот клуб.
Веројатно работите ќе зависат и од тоа како Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната, но веројатно само нова двојна круна ќе може да го задржи Анчелоти на тренерската позиција.