Фабрицио Романо ја разгледува ситуацијата на Кристијано Роналдо и според него Реал Мадрид би можел да тргне по Португалецот.
Јувентус отсекогаш велел дека Роналдо ќе остане во клубот иако ќе влезе во последната сезона од договорот. Досега Јуве не добил понуди за Португалецот.
Но, фактот што договорот на Роналдо завршува во јуни 2022 и тој потоа може да замине како слободен играч, може да го натера Јувентус да размисли за негова продажба доколку пристигне соодветна понуда за него.
Манчестер Сити нема намера да тргне по Роналдо, нивна главна и единствена цел во моментов е Хари Кејн.
ПСЖ исто така нема намера ова лето покрај Меси да го донесе и Роналдо. Тие сакаат да го задржат Мбапе и би го направиле тоа по секоја цена, дури и да го загубат како слободен играч идното лето.
Но, доколку Насер Ал Келаифи остане на тој став да не го продаде Мбапе на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да тргне по Кристијано Роналдо во следните 15 дена.
Роналдо е и желба на Карло Анчелоти кој сака повторно да работи со португалската ѕвезда, па Флорентино Перез ќе се обиде да му ја исполни.