Реал Мадрид тргна со убедлива гостинска победа, два гола на Бензема (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Давид Алаба играше како лев бек, а во центарот на дефанзивата беа Начо и Милитао. Анчелоти од првата минута ги играше Еден Азар и Герет Бејл.

Дури пет погодоци беа постигнати на мечот, но ниту еден од нив не беше даден во првото полувреме.

Резултатот беше отворен по три минути игра во вториот дел кога по асистенција од Азар, Бензема погоди за 1-0.

Осум минути подоцна Начо го зголеми резултатот на 2-0, а во 62. минута Бензема со својот втор гол донесе водство од 3-0 и веќе го реши победникот.

Алавес намали со гол на Хоселу, а точка на мечот стави Жуниор Винисиус во 92. минута по асистенција на новото засилување на Реал Мадрид, Давид Алаба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×