Реал Мадрид со пораз ја почна новата година (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот на Карло Анчелоти како фаворит влезе во овој меч, но Хетафе покажа дека не случајно е во добра форма.

Клучниот момент се случи во 9. минута кога по еден голем кикс на Милитао, Унаи постигна гол за водство на Хетафе од 1-0.

Реал Мадрид можеше брзо да дојде до израмнување, за четири минути создадоа три одлични прилики, во кои Модриќ ја погоди и пречката.

Се чинеше дека само прашање на време е кога Реал Мадрид ќе даде гол, но по тие три шанси, кралскиот клуб падна и речини ништо сериозно не создаде.

Во текот на второто полувреме Реал Мадрид имаше некои полуприлики, но тоа не беше доволно да се избегне пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×