Реал Мадрид се надева дека Барселона ќе им помогне да го ангажираат Мбапе

by
1 минути читање

Реал Мадрид долго време се поврзува со Мбапе, неговиот сонародник Зинедин Зидан сака да го види во својот тим.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува летото 2022 година. Францускиот клуб се надева дека ќе успее да го продолжи договорот со својот напаѓач, но информациите велат дека тој ќе почека да заврши двобојот со Барселона во осминафиналето од ЛШ, па потоа ќе донесе одлука.

Доколку Барселона го победи ПСЖ во Лигата на шампионите, се верува дека Мбапе ќе одбие продолжување на договорот, ќе сака да се проба во нов клуб кој е поконкурентен во најелитното натпреварување но и настапува во поатрактивна лига. На тој начин Каталонците ќе му помогнат на својот ривал да донесе големо засилување.

Реал Мадрид е фаворит за потписот на Мбапе, па доколку тој реши да замине, кралскиот клуб би требало да е неговата прва опција.

Доколку Мбапе реши да не го продолжи договорот, ПСЖ ќе мора да го продаде следното лето ако сака да заработи од неговото заминување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×