Реал Мадрид пред големото дерби во Лигата на шампионите не го заборави Жота (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот гигант Реал Мадрид вечерва ќе гостува на „Енфилд“ во дербито од Лигата на шампионите против Ливерпул, а вчера дел од раководството и играчите на клубот оддадоа почит на трагично загинатиот поранешен фудбалер на „црвените“, Диого Жота.

Делегацијата на „кралскиот клуб“ беше предводена од тренерот Чаби Алонсо и англискиот репрезентативец Трент Александер-Арнолд, двајца поранешни членови на Ливерпул, како и од директорот Емилио Бутрагењо и дефанзивецот Дин Хујсен.

„Пријателе мој, Диого… Многу ни недостасуваш, но љубовта кон тебе останува иста. Споменот за тебе и Андре ќе живее засекогаш“, стоеше во емотивната порака што ја упати Александер-Арнолд.

Да потсетиме, Жота трагично го загуби животот во јули годинава во сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×