206
Заврши уште една
трансфер сага за која се пишуваше со месеци, Реал Мадрид го потврди
пристигнувањето на Давид Алаба.
Дефанзивецот од
Австрија откако не успеа да се договори со Баерн Минхен за продолжување на
соработката, се реши за авантура во Шпанија и ги одбра „кралевите“ како следна
дестинација.
„Реал Мадрид
постигна договор со Давид Алаба, кој се обврза кон клубот во следните пет
сезони. Давид Алаба ќе биде претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид по
крајот на ЕВРО 2020“ – гласеше известувањето.
Медиумите од
поодамна пишуваат дека Давид Алаба си има подадено рака со Реал Мадрид за
петгодишен договор и нето плата од 12 милиони евра по сезона.