По крајот на оваа сезона истекуваат договорите на Герет Бејл, Марсело и Иско, се очекува сите тројца да заминат со што ќе се олабави буџетот на Реал Мадрид за плати.
Годишните примања на Бејл се 30 милиони евра бруто, Марсело добива 22, а Иско 13 милиони. Тоа е сума од 65 милиони евра годишно.
Покрај заминувањето на овие тројца со големи примања, Реал Мадрид планира да ги продаде Еден Азар и Лука Јовиќ.
Годишната бруто плата на Азар е 30 милиони евра, тој има договор до јуни 2024, а српскиот фудбалер Јовиќ има плата од 10 милиони евра и договор кој завршува во јуни 2025.
И двајцата му се непотребни на Анчелоти, па Реал Мадрид сака да се ослободи од нивните големи плати, а и да заработи. Кралскиот клуб би го продал Азар за 50 милиони евра (го купија за 116 во 2019), а цената за Јовиќ сметаат дека е 30 милиони евра (го купија за 60 во 2019).
Кога сите овие пет фудбалери ќе си заминат, Реал Мадрид само од плати ќе заштеди 105 милиони евра, плус на таа сума ќе се додаде продажбата на Азар и Јовиќ која би била вкупно 80 милиони евра.
На продажба би можеле да бидат ставени и играчи како Мариано, Ваљехо или Себаљос со што ќе се дојде до сума од преку 200 милиони евра.
Флорентино Перез сака да направи финансиски простор за Килијан Мбапе, но можеби и за уште некои поголеми засилувања.