Мохамед Салах
игра во извонредна форма, според Јирген Клоп, во моментов нема подобар фудбалер
од Египјанецот, но и покрај тоа, Ливерпул одбива да му ги исполни барањата на напаѓачот
за неделна плата од 500.000 фунти.
Ова остава
простор за трансфер на Мохамед Салах и според пишувањата на Сан, Реал Мадрид подготвува
понуда. „Кралевите“ се подготвени на маса да го стават Еден Азар плус одредена
сума на пари за да дојдат до услугите на напаѓачот.
Еден Азар во 2019
беше купен за 100 милиони евра, плус додатни 50 милиони во бонуси, но фудбалерот од Белгија имаше драстичен пад во формата по преселбата во Мадрид, па неговата вредност
сега е далеку помала.
Останува да се
види дали „црвените“ ќе бидат заинтересирани за една ваква зделка, особено што
Еден Азар е 18 месеци постар од Мохамад Салах.