„Кралевите“ беа
блиску до нов кикс во пресрет на дата дуели со Барселона, но си заминаа од
гостувањето кај Леванте со цел плен благодарејќи на непостоечки пенал.
Гостите поведоа во
финишот на првиот дел преку Бензема од белата точка поради играње со рака на
нашиот Енис Барди во шеснаесетникот.
По еден час игра
Леванте сепак стигна до 1-1. По една одлична акција, Роџер го матираше Куртоа.
Сепак во 78.
минута се случи контроверзен момент. Касемиро падна како покосен а судијата без
размислување досуди нов пенал во полза на Реал Мадрид. Но од повторените снимки
се гледа дека Бразилецот одглуми и доколку има контакт помеѓу него и Дукуре тоа
е минимален. Но и покрај ова, ВАР не ја преиначи одлуката, па Бензема донесе победа
од 1-2.