Останатите натпревари кои треба да ги одигра на домашен терен од оваа сезона во Примера, Реал Мадрид ќе ги игра на својот помал стадион „Алфредо Ди Стефано“ кои се наоѓа во тренинг центарот.
Натпреварите во Примера се играат без публика, па на Реал Мадрид ќе му биде сеедно на кој терен игра. Во меѓувреме се реновира „Сантијаго Бернабеу“, па работите таму ќе можат непречено да се одвиваат.
„Донесовме одлука да играме на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот до крајот на сезоната. Оваа одлука оди во прилог непречено да се одвива работата на „Сантијаго Бернабеу“ стадионот“, вели Флорентино Перез.
Стадионот „Алфредо Ди Стефано“ собира 6,000 гледачи, но на престојните мечеви секако ќе биде празен. На овој стадион игра младинскиот тим на Реал Мадрид.
