155
Дефанзивецот на
Челси, Антонио Ридигер наводно ја одбил последната понуда на Премиерлигашот за
продолжување на соработката, а неговиот актуелен договор истекува идното лето.
Фабрицио Романо
извести за одбивањето на Ридигер на понудата на Челси, меѓутоа додаде и дека
стоперот го сака клубот од Лондон, но и својот тренер Томас Тухел со кого има
одлична соработка, меѓутоа засега нема никаков напредок во преговорите за
продолжување на соработката.
Реал Мадрид се
споменува како најсериозен кандидат за потписот на германскиот стопер, а помеѓу
заинтересираните клубови се споменува и Милан.