„Кралевите“ сакаат да стават крај на сагата околу иднината на Винисус Жуниор, па Бразилецот бил известен дека понудата која е на маса е финална, и од типот „прифати и остани или одбиј и замини“.
Реал Мадрид зазема цврст став, Флорентино Перез и неговите соработници решиле дека неизвесноста околу иднината на Винисиус Жуниор трае предолго, па доставен е ултиматум.
Како што пренесува Марка, агентите на Бразилецот биле информирани дека напаѓачот има само две опции: Да го прифати новиот договор или да биде продаден до крајот на летото, за клубот да не ризикува да остане без обесштетување кога ќе му истече договорот.
И не само тоа, новиот договор кој во моментов е на маса е финален, предлогот е конечен, нема да има подобрување на условите, ниту нови преговори.
Сега на потег е Винисиус Жуниор, за кого интерес во последно време пројавува Арсенал.