Реал Мадрид му дал зелено светло на агентот на Варан да преговара со Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Неофицијалните
информации кои пристигнуваат велат дека Реал Мадрид наводно му дал зелено
светло на агентот на Рафаел Варан да преговара со Манчестер јунајтед за
трансфер на францускиот стопер.

Откако го
договори трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, се верува дека
Манчестер јунајтед своите активности ги „сели“ во обидите за ангажман на Варан,
кој подолг период се поврзува со „Црвените ѓаволи“.

Оле Гунар Солшер
очајно посакува засилување во дефанзивната линија, а токму Варан е главната
желба на норвешкиот фудбалски стратег, кој во Пау Торес од Виљареал гледа
алтернативна опција.

„Марка“ освен што
потврди ја потврди веста дека Варан добил дозвола од клубот да преговара,
дополнително додаде и дека Реал Мадрид донел одлука дека нема да ризикува со
Французинот да го загуби без никакво обештетување идната година, па така
наместо такво сценарио, ќе се обиде да го продаде уште ова лето со најдобрата
цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×