Реал Мадрид во изминатите пет години има трансфер политика на купување на млади фудбалери со голем потенцијал, таков е Џејдон Санчо.
Англискиот фудбалер блеска во Борусија Дортмунд оваа сезона, а во минатото коло постигна и хет-трик против Падерборн со што дополнително го навлече вниманието на себе.
Манчестер јунајтед се поврзува со Санчо кој и покрај кризата се очекува да чини над 100 милиони евра, но проблем за „ѓаволите“ може да биде Реал Мадрид.
Атрактивноста на Реал Мадрид е тоа што треба да го плаши Манчестер јунајтед, речиси секој фудбалер сонува да игра за кралскиот клуб или Барселона.
Во 2017 година Реал Мадрид и Борусија Дортмунд веќе преговараа за Санчо, но тогаш фудбалерот бараше директно да биде вклучен во првиот тим, нешто што не му беше гарантирано по што зделката не се реализира.
Овој пат е понаку, Санчо го има потребното искуство, игра одлична сезона и за кој клуб и да потпише ќе има место во првиот тим.
Останува да видиме дали Манчестер јунајтед или Реал Мадрид ќе ја добијат битката по потписот на Санчо, а можеби до крајот на сезоната и некој трет ќе се вклучи во трката.