Реал Мадрид ја сочува предноста во Ливерпул, Сити победи и во Дортмунд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид со предност од 3-1 отпатува во Ливерпул и успеа да ја задржи, тимот на Клоп го заврши настапот во Лигата на шампионите.

Ливерпул пропушти неколку убави шанси во првото полувреме за да го направи натпреварот поинтересен, но не успеа.

Во вториот дел, лесно можеше да се случи Реал Мадрид да дојде до нов триумф, но тие се задоволни со ремито без победник.

Во полуфиналето Реал Мадрид ќе игра против Челси.

Борусија Дортмунд одлично го почна мечот против Сити, поведоа со гол на Белингем уште во 15. минута.

Во продолжението Манчестер Сити напаѓаше, имаше иницијатива, но тешко создаваше големи шанси.

По десет минути игра во вториот дел Емре Џан играше со рака, судијата покажа на белата точка, пеналот прецизно го реализираше Махрез за израмнување на 1-1.

Во 75. минута Фил Фоден испука бомба од далечина и реализираше за комплетен пресврт и победа на Манчестер Сити од 2-1.

Во полуфиналето Манчестер Сити ќе игра против ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×