Реал Мадрид ја одреди цената на Азар, дава голем попуст само да се ослободи од фудбалерот

by
1 минути читање

Синоќа од Шпанија
пристигна вест дека Реал Мадрид одлучил да го продаде Еден Азар, на „кралевите“
им е преку глава од лошите партии на играчот.

Медиумите и денеска продолжуваат да пишуваат
за иднината на фудбалерот од Белгија, Марка пренесе дека раководството на „кралевите“
го загубило трпението па играчот е ставен на трансфер листа.

Весникот АБЦ пак пишува дека Реал Мадрид ја одредил цената на Еден Езар, дава голем попуст и
е подготвен да го продаде за само 50 милиони евра. „Белите“ пред две години го
купија Еден Азар за 100 милиони евра, а на Челси му ветија и додатни 50 милиони
евра во бонуси.

Останува да се
види дали ќе пристигне понуда по мерак на Реал Мадрид, и дали Еден Азар ќе
прифати да замине. АБЦ не ја исклучува можноста играчот да добие уште една
шанса да се докаже, особено доколку Зинедин Зидан остане на кормилото.

Зизу и понатаму
верува во играчот и сака да проба да го врати во врна форма. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани