Реал Мадрид или Барселона, Себалос веќе решил кој од двата гиганти ќе го добие неговиот потпис

by
1 минути читање

Не е никаква
тајна дека Реал Мадрид и Барселона водат голема битка за потписот на 20
годишниот фудбалер на Бетис, Дани Себалос, кој беше прогласен за најдобар играч
на турнирот во Полска кој заврши неодамна.

Најновите
информации кои пристигнуваат од Шпанија, велат дека Себалос нема никакви дилеми
во однос на тоа кој клуб да го избере, кога се работи за Барселона и Реал
Мадрид.

Наводно Себалос
преферира да го облече дресот на тимот од „Камп Ноу“, Барселона веќе имала и
директен контакт со фудбалерот на Бетис за да го запознае со нивните планови во
иднина
, барем така известува
„Мундо Депортиво“.

Од друга страна
пак, „Марка“ пренесува дека францускиот стратег на клупата на Реал Мадрид,
Зинедин Зидан им порачал на челниците на клубот дека сака да го види Себалос во
својот тим на турнејата во Соединетите Американски Држави, предвидена за идниот
месец, каде европскиот првак ќе има мега-пресметки со Манчестер јунајтед,
Манчестер Сити, Барселона, воедно и дуел против ѕвездите на МЛС лигата.

Она што е
интересно, Себалос има откупна клаузула од 15 милиони евра во договорот со
Бетис, сума која е лесен „плен“ за гиганти од типот на Реал Мадрид и Барселона,
тие наводно почнале со „наддавањето“ од 25 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани