Според
информациите кои пристигнуваат се вели дека Реал Мадрид и Серхио Рамос конечно
започнаа преговори околу нов договор за шпанскиот дефанзивец, чиј актуелен
договор истекува идното лето.
Доколку не
пронајдат заеднички јазик обете страни, во еден таков случај Рамос уште во
јануарскиот преоден рок ќе биде во можност да преговара со заинтересираните
страни, меѓутоа, се верува дека дефанзивецот посакува да остане во „Кралскиот
клуб“ до свои 38 години, односно да потпише договор до 2024. Година.
И покрај
политиката на Реал Мадрид во однос на фудбалерите постари од 30 години, на кои
практично им нуди само дополнителни 12 месеци, веројатно е дека ќе дојде до
исклучок во случајот со Рамос кој и на свои 34 години е мошне важен дел од
составот предводен од Зинедин Зидан.