Реал Мадрид и Манчестер јунајтед коваат план како да ја изиграат Бенфика?!

by bojan
1 минути читање
Карерас

Медиумите од Шпанија пренесуваат за ситуација „И волкот сит и овците на број“, односно Манчестер јунајтед да го купи Алваро Карерас од Бенфика за 18 милиони евра, и потоа да го продаде на Реал Мадрид за 30-35 милиони евра.

22 годишниот Алваро Карерас има добра сезона во Бенфика, па се почесто се говори дека левиот бек ќе направи трансфер во летниот преоден рок.

Во неговиот договор има окупна клаузула од 50 милиони евра, но Реал Мадрид сака да ја изигра Бенфика со помош на Манчестер јунајтед.

Имено, „ѓаволите“ имаат опција да го вратат фудбалерот во своите редови за само 18 милиони евра, па „кралевите“ сакаат клубот од Олд Трафорд да ја искористи оваа опција, и потоа веднаш да им го продаде за 30-35 милиони евра.

Во едно ваква ситуација „И волкот сит и овците на број“, Реал Мадрид ќе заштеди десетици милиони, а Манчестер јунајтед ќе направи убав ќар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани