Реал Мадрид и 5 клубови од Премиерлигата во битка за дефанзивецот од 60 милиони

by bojan
1 минути читање

Перспективниот Дин Хујсен е во бележникот на голем број клубови, Реал Мадрид ќе води битка со Ливерпул, Арсенал, Челси, Тотнем и Њукасл за потписот на 19 годишниот дефанзивец.

Борнмут направи полн погодок кога минатото лето го купи Дин Хујсен од Јувентус во зделка вредна 15 милиони евра плус бонуси.

Дефанзивецот одлично се снаоѓа во својата прва сезона во Премиерлигата и се почесто се говори за богат трансфер по крајот на сезоната.

Реал Мадрид се посочува како еден од клубовите кои пројавуваат интерес, а „кралевите“ ќе имаат силна конкуренција во Англија.

Новинарот Дејвид Орнштајн вели дека Ливерпул се распрашувал за Дин Хујсен, исто како и Челси и Арсенал. Овие три клуба се посочи како главни кандидати, но во позадина уште се и Њукасл и Тотнем.

Се шпекулира дека во неговиот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра, и ова е сумата која ќе биде потребна за реализирање на трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани