Реал Мадрид го продава Јовиќ, Милан прв кандидат за потписот на Србинот

by
1 минути читање

Две години откако
го ангажираше, Реал Мадрид сега размислува на продажба на напаѓачот Лука Јовиќ,
кој изминатите шест месеци беше дел од Ајнтрахт Франкфурт, на позајмица во
неговиот поранешен клуб.

Се верува дека
Милан е најсериозниот кандидат за потписот на 23 годишниот српски напаѓач, а „Кралевите“
наводно посакуваат од неговата предвидена продажба да извлечат што е можно
повеќе за да се намали тоа што се загуби со потрошените 60 милиони евра.

Постои можност и
Јовиќ да се испрати на позајмица за новата сезона, доколку постојат добри
услови за такво сценарио, а „Кралевите“ барем засега нема да ја затворат
вратата за ниту една опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×