Реал Мадрид го доби лудото дерби со Интер, Диого Жота е нов херој на Ливерпул (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Фаворитите во групата Реал Мадрид и Интер денеска, во третото коло се бореа за првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона. До неа дојдоа домаќините кои триумфираа со 3-2.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога Хакими Ашраф му подари една топка на Бензема а тој погоди за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Осум минути подоцна Серхио Рамос донесе водство од 2-0, тоа беше негов 100. гол во дресот на Реал Мадрид, од кои дури 55 се со глава.

Интер се врати во мечот, преку Лаутаро Мартинез и Перишиќ дојде до изедначување на 2-2. 

Лаутаро имаше голема шанса и за комплетен пресврт, но откако не успеа Родриго даде гол за победа на Реал Мадрид од 3-2.

Ливерпул со фантастични 5-0 ја победи Аталанта на нејзин терен, а херој беше новото засилување Диого Жота.

Жота постигна хет-трик, погодоци реализираа и Салах и Мане.

Манчестер Сити со 3-0 го победи Олимпијакос, Торес, Габриел Жесус и Кансело беа стрелци за англискиот тим.

Најмногу голови имаше на мечот меѓу Салцбург и Баерн Минхен, дури осум. Баварците победија со 6-2.

Салцбург поведе уште во четвртата минута со гол на Бериша, но потоа следуваа голови на Левандовски и автогол на Кристенсен Баерн го сврте мечот.

Во 66. минута Окугава изедначи на 2-2, а во последните десетина минути следуваше фуриозен финиш на Баерн Минхен, Боатенг, Сане, Левандовски и Хернандез погодија за победа од 6-2.

Порто со 3-0 славеше над Марсеј, а Ајакс со 2-1 победи на гостувањето кај Митјиланд. Претходно Менхенгладбах со 6-0 победи кај Шахтар, а Локомотив Москва и Атлетико Мадрид одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани