Три голови, шанси, пречки, стативи, црвен картон и контроверзни моменти имаше на денешното Ел Класико кое на крајот заврши во полза на Реал Мадрид.
Реал Мадрид почна одлично, во 13. минута по асистенција на Лукас, Бензема постигна мајсторски гол со пета за водство од 1-0.
15 минути подоцна Тони Крос шутираше од слободен удар, топката го промени правецот од играчите на Барса и влезе во мрежата на Тер Штеген.
Брзо потоа Реал Мадрид можеше да дојде и до 3-0, но Федерико Валверде ја погоди стативата.
Пред крајот на првиот дел Меси од корнер ја погоди стативата од голот на Куртоа.
По 15 минути игра во вториот дел, Мингуеза го намали резултатот на 2-1 и ја врати Барселона во игра.
Три минути подоцна Реал Мадрид можеше да ја врати разликата од два гола, но Винисиус ја погоди стативата.
Во 84. минута се случи контроверзен момент кога Мартин Бреитвајт беше соборен во шеснаесетникот на Реал Мадрид, но судијата сметаше дека тоа не е доволно за пенал.
Во 90. минута судијата му покажа втор жолт картон на Касемиро, па Реал Мадрид судиското продолжение го играше со фудбалер помалку.
Течеа последните моменти од мечот кога Илаиш Мориба ја погоди пречката од голот на Куртоа, веднаш потоа и Тер Штеген се обиде но беше блокиран.
Со оваа победа Реал Мадрид излезе на бод пред Барселона, кралскиот клуб има 66 бода колку што има и Атлетико Мадрид, но тимот на Симеоне има меч помалку.