„Кралевите“ сакаат да го имаат Трент Александер Арнолд за новото Светско клупско првенство па доставиле понуда до Ливерпул од 500.000 фунти, но клубот од Енфилд не помислува да го ослободи десниот бек за оваа сума.
Трент Александер Арнолд денеска соопшти дека нема да продолжи со Ливерпул, нешто што се шпекулираше со месеци.
Се очекува тој да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, но поради новото Светско клупско првенство, „кралевите“ сакаат да купат десниот бек наместо да чекаат да го добијат бесплатно на почетокот од јули месец.
Како што пренесуваат медиумите од „островото“, Реал Мадрид понудил 500.000 фунти, но за ваква сума, Ливерпул не планира да го ослободи Александер Арнолд.
Останува да се види дали трите страни ќе можат да најдат заеднички јазик за Англичанецот да го облече белиот дрес на турнирот во САД од 15. јуни до 13. јули.