Реал Мадрид без двајца важни играчи во реваншот против ПСЖ

by
1 минути читање

Менди и Касемиро влегоа со жолти картони во синоќешниот меч со ПСЖ. Во текот на мечот судијата Орсато им покажа уште по еден жолт, па тие се суспендирани за реваншот.

Анчелоти смета дека картоните се престрого доделени, вели дека тоа му го кажал и на судијата.

„Имавме двајца фудбалери кои беа под закана и двајцата добија жолти. Овие два картони ми изгледаат како подарок, тоа му го кажав на судијата. Но ќе имаме замени за нив“, вели Анчелоти.

Замена за Менди ќе биде Марсело, евентуално Начо, но проблем е да се надополни отсуството на Касемиро кој со години е еден од клучните играчи на Реал Мадрид во средниот ред.

Оваа сезона кога Касемиро беше отсутен, на негово место играше Камавинга. Младиот Французин беше стартер на пет меча на кои не играше Касемиро оваа сезона. Но прашање е колку може да одговори на притисокот кој го носи реваншот. Друга опција може да биде Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×