162
Флорентино Перез ја скроил тактиката, првиот човек не сака да го нервира Шеикот со долги преговори, па на 30. август, еден ден пред крајот на летниот преоден рок, ќе достави понуда за услугите на Килијан Мбапе.
На маса ќе биде ставен предлог тежок помеѓу 130 и 170 милиони евра и ПСЖ ќе треба да донесе одлука.
„Светците“ ќе треба да решат дали да се разделат со младата ѕвезда и да вратат голем дел од сумата која ја платија за напаѓачот пред четири години или пак да ризикуваат и 12 месеци подоцна да го загубат Килијан Мбапе беспари.