57
Шпанските медиуми пишуваат дека на денешниот состанок меѓу Реал Мадрид и агентот на Винисиус Жуниор, кралскиот клуб ја доставил својата конечна понуда, таа не е онаква каква што сака фудбалерот.
Реал Мадрид му понудил фиксна годишна плата од 22 милиони евра која може да порасне до 24 милиони евра со бонуси.
Винисиус треба да одлучи дали ќе ги прифати условите или ќе биде продаден.
Неговите барање се годишна плата од 28 милиони евра, што е за шест повеќе од она што му го нуди Реал Мадрид.
Арсенал будно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира. Топчиите веруваат дека можат да дојдат до потписот на Бразилецот.