Реал и Родриго експресно одбија „непристојна“ понуда од Саудиска Арабија

by 24 фудбал
1 минути читање

Младата ѕвезда на Реал Мадрид бразилскиот крилен напаѓач Родриго е на мета на неименуван саудиски клуб.

На адреса на Реал пристигна понуда од 300 милиони евра за една од ѕвездите во тимот. Исто така, на Родриго му беше ветена плата од 140 милиони евра годишно.

Сепак, играчот и клубот експресно ја одбија оваа „непристојна“ понуда од Саудиска Арабија. Ова не е првпат „кралевите“ да се соочуваат со вакво нешто, бидејќи неколку пати имаше вакви понуди и за Винициус Жуниор.

Оваа сезона Родриго има постигнато 13 погодоци во дресот на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани