Реал и Лајпциг никако да се договорат за Диоманде!

by riste
1 минути читање

И покрај тоа што Фабрицио Романо пред неколку дена напиша дека е постигнат договор, трансферот на Диоманде во Реал Мадрид уште не е завршен.

Новинарот на „Скај Спорт Германија“, Флоријан Плетенберг кој добро ги познава работите во германскиот фудбал, тврди дека Лајпциг не одговорил на последната понуда на Реал Мадрид. Преговорите се замрзнати во последните 24 часа.

Денеска Лајпциг патува на подготовки во Австрија, доколку нешто ново не се случи утринава, Диоманде треба да замине со остатокот од тимот.

На Диоманде му било кажано дека ќе треба да оди на подготовките во Австрија. Тој се уште се надева дека нема да биде така.

Фудбалерот со психолошки веќе е во Реал Мадрид и се надева дека клубовите ќе постигнат договор колку што е можно побрзо.

Очигледно Лајпциг сака да извлече колку што е можно повеќе пари од Реал Мадрид, а останува да се види колку кралскиот клуб е подготвен да оди во надградба на понудата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×