Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел.

Многумина можеби очекуваа и братски дуел на ѕвездата на Реал Мадрид Џуд Белингем со неговиот помал брат кој ова лето потпиша за Борусија Дортмунд, Џоб Белингем, но тоа нема да се случи.

Причината е што Џоб Белингем нема да може да настапи на мечот поради жолти картони. Синоќа беше под закана за суспензија ако добие уште еден жолт картон, за жал го доби и нема да биде во комбинација за следниот меч на Борусија Дортмунд на СКП, а тоа е баш дуелот против Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×