88
Тиаго Алкантара пред почетокот на сезоната пристигна на Енфилд од редовите на Баерн Минхен, требаше да биде големо засилување но не игра на потребното ниво.
Многумина сметаат дека тој е еден од виновниците за слабите партии на Ливерпул поради кои „црвените“ не само што се далеку од трката за титулата, ќе се мачат и да обезбедат топ четири пласман.
Вечерва против Вулверхемптон, Јирген Клоп реши да го извади Тиаго Алкантара по дваесетина минути игра во второто полувреме, на Шпанецот не му се допадна многу одлуката, изразот на неговото лице доволно говори.
Not impressed pic.twitter.com/ok1waZnGQb
— Thiago Salah (@ThiagoSalahLFC) March 15, 2021