425
Барселона синоќа
го пречека Ајнтрахт Франкфурт на Камп Ноу во четвртфиналето од Лига Европа, но
доколку се суди според бојата на навивачите на трибините, „каталонците“ како да
не беа домаќини на овој натпревар.
Се верува дека
околу 30.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт вчера беа на трибините и покрај тоа
што гостите официјално добија само 5.000 билети.
Барселона сега
истражува како дозволи да се случи ова, и се најавува промена на процесот на
продажба на билети. Вечерва беше објавено и видео од претседателот Жоан Лапорта и
како тој реагираше кога се појави во свечената ложа и кога виде колку многу
навивачи има Ајнтрахт на Камп Ноу.