132
Манчестер
јунајтед доживеа катастрофа на свој терен изминатиов викенд во убедливиот пораз
од Ливерпул со 0-5 во деветото коло од Премиерлигата, налик на поразот од
Тотнем ланската сезона со 1-6 во четвртото коло.
Камерите ја
уловија реакцијата на поранешниот легендарен тренер на „Црвените ѓаволи“, Алекс
Фергусон во катастрофата на неговиот омилен тим, но од друга страна пак ја
уловија и насмевката кај поранешниот фудбалер на „Редсите“ Кени Далглиш, кој
сигурно имаше повеќе причини за задоволство на гледалиштето.