Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се најде во центарот на вниманието по ремито 1-1 против Арсенал во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите во Мадрид. Двата гола паднаа од пенал, откако за Арсенал прецизен беше Виктор Ѓокереш, а за Атлетико израмни Хулијан Алварез.
Сепак, најмногу реакции предизвика ситуацијата со уште еден досуден, па поништен пенал за гостите. Судиската одлука првично беше во корист на Арсенал, но по ВАР-интервенција и детална проверка, Дани Макели ја смени одлуката.
Додека траеше проверката, Симеоне бурно реагираше покрај аут-линијата, со гестикулации и притисок кон судијата, што дополнително ја вжешти атмосферата на стадионот. Неговото однесување стана хит на социјалните мрежи и предизвика поделени реакции во јавноста.
The agonising wait for Arsenal’s ‘second’ penalty that was eventually rescinded – perhaps due to Atletico boss Diego Simone’s histrionics…? pic.twitter.com/60QG0MDrrL
— Layth (@laythy29) April 29, 2026