Наводно Кутињо му се јавил на Јирген Клоп и го молел да се врати во Ливерпул, би играл и за помала плата од таа која ја добива во Барселона.
Идејата за враќање на Кутињо му се допадна на напаѓачот на Ливерпул, Фирмино.
Тој на инстаграм лајкнал пост токму за оваа вест, за евентуалното доаѓање на Кутињо во Ливерпул со што стави јасно дознаење дека тој со раширени раце би го примил неговиот сонародник.
Барселона го купи Кутињо за 160 милиони фунти во јануари 2018 година. Се верува дека Каталонците сега го ценат на 90 милиони фунти, но минатата недела шпанскиот весник Спорт излезе со информација дека би го продале и за 50 милиони евра само да заштедат на големата плата која му ја даваат.
Roberto Firmino has liked this post on Insta about Coutinho begging to join #LFC so it must be true!! pic.twitter.com/EcnvVlRd20
— Anfield Annie (@LFCAnfield19) June 14, 2020