Јирген Клоп оваа
сезона мака мачеше со дефанзивата откако остана без Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и
Жоел Матип. Па сосема очекувано, прво засилување за новата сезона е одбрамбен
фудбалер.
Изборот падна на
Ибрахима Конате од РБ Лајпциг, младиот Французин постигна согласност за
долгодишен договор со Ливерпул.
„Многу сум среќен
што се селам во голем клуб како Ливерпул. Ова е навистина возбудлив момент за
мене и моето семејство, со нетрпение чекам да ги сретнам новите соиграчи,
персоналот и да го започнам ова ново поглавје. Работев напорно за да стигнам до
ова ниво, би сакал да им се заблагодарам на сите во РБ Лајпциг, од тренерите и
соиграчите, па до персоналот и фановите. Вашата поддршка ми помогна да напредувам, да станам подобар играч но и подобар човек, па вечно ќе ви бидам благодарен“ – изјави
22 годишниот Конате.
Детали од
зделката не беа откриени, според медиумите од Англија, Ливерпул ја активирал
откупната клаузула во договорот на дефанзивецот вредна 36 милиони фунти (околу
41 милион евра).
Според пишувањата
на медиумите од Германија, се работи за трансфер од 40 милиони евра, плус
додатни 6 милиони евра во бонуси.
Ибрахима Конате
пристигна во РБ Лајпциг беспари, па за „биковите“ ова е одлична зделка.