Голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Сандро Тонали во тајност го продолжил договорот со Њукасл и сега е обврзан кон клубот од „Сент Џејмс Парк“ до 2029, со опција за додатни 12 месеци.
Во последно време често се говори дека Јувентус го мерка Сандро Тонали како идеално засилување за средниот ред, но се чини дека една ваква зделка е невозможна во овој момент.
Не само што Њукасл ќе бара многу пари, ќе има силна позиција во евентуални преговори – попладнево голем број на извори објавија дека договорот на Сандро Тоанли во тајност бил продолжен.
Италијанецот доби суспензија од 10 месеци поради обложување, па Њукасл за да се ја заштити инвестицијата, а Сандро Тонали да покаже благодарност за поддршката, двете страни си подале рака за продолжување на соработката до 2029 година, со опција за додатни 12 месеци.
Па клубот од Сент Џејмс Парк нема да биде под никаков притисок да го продаде Италијанецот.