Раул Хименез имал скршеница на черепот, извршена му е операција

by
1 минути читање

Раул Хименез на носилки беше однесен од теренот по страшниот судир со Давид Луиз.

Напаѓачот на Вулвс беше во бесознание, интервенцијата на теренот траеше десет минути, потоа со кислород, на носилки беше изнесен.

Хименез заработил скршеница на черепот, за санација на повредата му била извршена и хирушка интервенција во болница во Лондон. 

Утринава Вулвс се огласи со соопштение за состојбата на нивниот фудбалер.

„Раул е во добра состојба по операцијата минатата ноќ која се случи во болница во Лондон. Тој се виде со својата партнерка Даниела и сега одмара. Ќе биде под надзор неколку денови по што ќе биде пуштен од болница. Клубот сака да му се заблагодари на медицинскиот персонал на Арсенал, на персоналот на болницата и на хирурзите, за навремената и прецизна интервенција. Клубот бара за приватност за Раул и неговата фамилија во овој период, а ние ќе објавиме дополнителни информации кога ќе има нови моменти“, стои во соопштението на Вулвс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×