8
Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер, од швајцарскиот Тун ќе се пресели во грчки Панатинаикос за сума од 3,5 милиони евра.
Грчките медиуми пишуваат дека преговорите се во завршна фаза, начелно трансферот е договорен, остануваат уште формалности пред тој да биде и официјално објавен.
Панатинаикос подолго време го следел Растодер, во него гледа сегашност, но и потенцијал за ифнина.
Се очекува наскоро трансферот да се комплетира и македонскиот напаѓач да го облече зелениот дрес.