Расистички испад на навивачите создаде голема мешаница меѓу фудбалерите на Каљари и Милан! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мајк Мењан беше најблиску до навивачката трибина на Каљари и тој заедно со Фикајо Томори почнаа да ја слават победата кога судијата означи крај, во тој момент се интензивираа расистички скандирања кон нив.

Мењан со едната рака на уво се сврте кон фановите велејќи им да продолжат да ги навредуваат, и тоа ги испровоцира дел од фудбалерите на Каљари по што настана мешаница.

Играчите на Каљари помислиле дека Мењан им се сити на домашните фанови поради поразот, и почнаа да се туркаат фудбалери од двете екипи но и сите од стручниот штаб, таму дури беше и Паоло Малдини кој се обидуваше да ја смири ситуацијата.

Според „Скај Спорт Италија“, кавгата меѓу Златан Ибрахимовиќ и Жоао Педро продолжила и во тунелот, тие не престанале да се навредуваат.

Не е првпат навивачите на Каљари да имаат расистички напади. Во изминатите години тие го навредуваа напаѓачот на Јувентус, Мојзе Кин како и Ромелу Лукаку кога игрше за Интер.

По вчерашниот инцидент, претседателот на Каљари, Томасо Гиулини рече дека ќе има доживотна забрана за влез на стадионот за навивачите кои ќе бидат идентификувани дека навредувале на расна основа. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×