Рашфорд не сака да остане во Астон Вила: Чека понуда од клубот од соништата, ако треба ќе игра и за помала плата

by bojan
1 минути читање
Рашфорд

Според пишувањата на Мирор, Маркус Рашфорд не сака да остане во Астон Вила, напаѓачот сака трансфер во Барселона, неговиот клуб од соништата и за да реалисира една ваква зделка ќе прифати помала плата.

Маркус Рашфорд во јануари беше принуден да го напушти Олд Трафорд поради недоразбирања со тренерот Рубен Аморим и се реши за позајмица во Астон Вила.

Напаѓачот добро се снајде на „Вила Парк“, но како што пишува Мирор, нема намера да продолжи во клубот од Бирмингем.

Англичанецот сака трансфер во клубот од соништата – Барселона, ако треба ќе игра и за помала плата.

Се верува дека во моментов Маркус Рашфорд заработува околу 350.000 фунти неделно (околу 410.000 евра), сума која „каталонците“ не можат да си ја дозволат. Па за да се реализира една ваква зделка, фудбалерот е подготвен да прифати примања во склоп со состојбата на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани