Рашфорд и Асенсио потпишуваат за Астон Вила

by riste
1 минути читање

Во самиот финиш од преодниот рок Астон Вила договори две сериозни засилувања, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Марко Асенсио од ПСЖ.

Рашфорд денеска треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише за Астон Вила.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната, 70 проценти од неговата плата ќе биде покриена од Астон Вила, а останатите 30 ќе му ги дава Манчестер јунајтед.

Во договорот има и откупна клаузула вредна 40 милиони фунти.

Денеска во Бирмингем треба да пристигне и поранешниот играч на Реал Мадрид, Марко Асенсио, и тој ќе комплетира трансфер во Астон Вила.

ПСЖ го праќа на позајмица до крајот од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани