161
Маркус Рашфорд
мораше да биде подложен на операција на проблематичното рамо поради кое често
беше вон комбинација за настап на натпреварите на Манчестер јунајтед.
Откако ги
пропушти подготовките за новата сезона, офанзивецот се врати на тренинзите на „Црвените
ѓаволи“, а со самото тоа направи неверојатно брза рехабилитација откако
операцискиот зафат беше пред само три седмици.
Предводникот на
Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер нагласи дека периодот Рашфорд ќе обавува
полесни тренинзи, а повеќе ќе се посвети на вежбите во теретаната, а повеќе од
јасно е дека му претстои уште некоја седмица до враќањето на терените.